Охридска банка најдобра во Македонија

Bez autora
Jul 13 2010

Bодечко светско списание за финансиски пазари "Јуромани" ја прогласи Охридска банка - Сосиете женерал груп за најдобра банка во Македонија за 2010 година. Наградата на претставниците на банката им е врачена во Лондон во присуство на водечките банкари и инвестициски банки од светот. Охридска банка прерасна од локална во национална банка преку експанзија на деловната мрежа и речиси го дуплираше пазарното учество во главниот град, Скопје, во период од две години. Во екот на финансиската криза Охридска банка се фокусираше на сите пазарни сегменти како население, корпоративни клиенти и мали и средни претпријатија. Како резултат на тоа банката го зголеми корпоративното кредитно портфолио за 25,5 отсто од 2008 до 2009 година поттикнувајќи пораст од 34 проценти на нето-приходите од камати на 8,85 милиони евра, со ограничен пад на профитот од само 7,6 проценти.

Охридска банка најдобра во МакедонијаBодечко светско списание за финансиски пазари "Јуромани" ја прогласи Охридска банка - Сосиете женерал груп за најдобра банка во Македонија за 2010 година.

Наградата на претставниците на банката им е врачена во Лондон во присуство на водечките банкари и инвестициски банки од светот.

- Охридска банка прерасна од локална во национална банка преку експанзија на деловната мрежа и речиси го дуплираше пазарното учество во главниот град, Скопје, во период од две години. Во екот на финансиската криза Охридска банка се фокусираше на сите пазарни сегменти како население, корпоративни клиенти и мали и средни претпријатија. Како резултат на тоа банката го зголеми корпоративното кредитно портфолио за 25,5 отсто од 2008 до 2009 година поттикнувајќи пораст од 34 проценти на нето-приходите од камати на 8,85 милиони евра, со ограничен пад на профитот од само 7,6 проценти - објавува "Јуромани".

Јитка Пантучкова, претседател на Управниот одбор на Охридска банка, вели дека се почестени што "Јуромани" одбра да ја одликува Охридска банка - Сосиете женерал груп за 2010 година.

- Свесни сме дека мораме да продолжиме да се фокусираме и да бидеме подготвени за идните предзивици во нашата индустрија - изјави Пантучкова.

Од 1992 година Јуромани" ги издвојува најдобрите финансиски институции. Наградите за извонредност сега вклучуваат 25 глобални награди за банкарство и пазари на капитал во речиси 100 земји во светот. Сите награди имаат една централна тема - им оддаваат признание на институции и на поедници кои демонстрираат лидерство, иновација и динамика на пазарот на кој делуваат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik